Здружението за едукација, култура и хуманост „Модерн Елементс“ Скопје е основано во 2023 година со цел подобрување на општествените услови во Републиката преку активно делување во повеќе полиња од општествениот живот.

Нашата визија е инспирирана од древната мудрост на Мијамото Мусаши и неговата „Книга на петте прстени – принципи“ кои ја објаснуваат рамнотежата меѓу природата, човекот и општеството.

  • Земја (Chi) – Цврстите темели во образованието, културата и хуманоста, се единствениот услов за стабилност за идните генерации.

  • Вода (Sui) – Како водата што се прилагодува на секој сад, нашето здружение носи флексибилни решенија за социјалните предизвици.

  • Оган (Ka) – Со страст и енергија иницираме позитивни промени и ги поттикнуваме луѓето да го „разгорат пламенот“ на нивниот потенцијал.

  • Ветер (Fū) – Преку културен дијалог и размена на идеи, внесуваме свежина и нови перспективи во општеството.

  • Празнина (Ku) – Веруваме во духовната димензија на човекот, во интуицијата и во вредностите што не секогаш можат да се измерaт, но секогаш оставаат трајна промена.

…така започнува нашата приказна – од заедничките искуства и предизвици на нашите основачи, до оживување на визијата за иднината на нашето општество.

„Модерн Елементс“ Скопје има за цел да стане главен двигател на позитивни промени – здружение кое ја спојува мудроста на минатото со потребите на сегашноста, градејќи светли патеки за генерациите што доаѓаат.

From Waste to Opportunity — Discover How

Активни проекти